МТСП: Исплатата на февруарските пензии е во тек

од Вести365.МК | С.З.

Денес, 27.02.2023 година (понеделник) започна етапната исплата на пензиите за февруари, информираше Министерството за труд и социјална политика.

Подигнувањето на пензиите ќе се реализира во четири групи според висината на пензијата, за пензионерите што не користат картички, преку филијалите и експозитурите на банките :

• за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата ќе се врши на 27.2.2023 година (понеделник);

• за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата ќе се врши на 28.2.2023 година (вторник);

• за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата ќе се врши на 1.3.2023 година (среда) и

• за пензии со висина над 18.001 денар, исплата ќе се врши на 2.3.2023 година (четврток).

Пензионерите што користат платежна картичка ќе може да располагаат со парите од 27 февруари (понеделник), со подигнување на пензијата на банкомат, користење на средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Слични објави