Мораме да објавуваме фотографии од изгорените од Кочани, само така може да им помогнеме, вели Димитриев од Support Kochani

од Вести365.МК Ј.Р.

Марко Димитриев од Support Kochani вели дека последната стратегија на објавување застрашувачки фотографии на повредените од дискотеката „Пулс“ во од Кочанската болница е аларм за помош.

Тој во интервју за РСЕ вели дека ваквата идеја е на барање на луѓе од кочанската болница, а фотографиите не биле од оние кои се најзагрозени.

– Тие повредени моментално имат најголема потреба. Тие слики што ги објавивме ние не се тие што се најсериозно повредени, туку се средно повредени и се во процес на рехабилитација. Сега моментално во Кочани има над 50 деца што имаат потреба од заздравување и закрепнување. Ние зборувавме со луѓе од Холандија, Германија и Бугарија за изработка на компресивна облека, тоа се ракавици, за нозе, стегачи, за гради и за лице, и за врат. Тие се некои помагала за што им требаат моментално за побрзо да оздрават“, вели Димитриев и додава:

Од Кочанската болница дојдоа кај нас и имавме еден разговор каде што заедно пробавме да најдеме начин да им помогнеме на тие деца. Така да се што правиме ние моментално, правиме за доброто на тие деца и да видиме како можеме да им помогнеме кога веќе гледаме дека на некој начин се запоставени, истакна Димитриев.

Тој посочува дека во Кочани има над 50 деца што се лекуваат моментално, но фокусот на јавноста не е насочен кон оваа невидена трагедија.

Слични објави