МНР со детали за несреќата во Грција во која загина 29-годишна Македонка, а две девојки се тешко повредени

од Вести365.МК | М.Т.

Македонска државјанка која загина во сообраќајната несреќа што се случи денеска на автопатот Егнатиа во правец кон Солун имала 29 години, информираат од Министерството за надворешни работи.

Во текот на денешниот ден, во 12 часот (локално време), на автопатот Егнатиа, во Република Грција, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која за жал, М.Н. (1995), државјанка на Република Македонија го изгуби животот, велат од МНР.

Претставниците на Генералниот конзулат на Македонија во Солун, кои од времето на настанатата трагедија биле во контакт со блиски на жртвата, остануваат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките на починатата во земјата.

Воедно, информираме дека засегнати се и три наши државјанки, сопатници на починатата, А.К (2000) и М.Р (2000), кои добиле тешки повреди и И.Ј (1999) која не е повредена, при што две се хоспитализирани, се наведува во соопштението од МНР.

Генералниот конзулат, како што посочуваат од МНР, останува во постојана комуникација со надлежните институции и на располагање на повредените наши државјанки и нивните семејства при евентуална потреба за помош, до нивното враќање дома.

Слични објави