Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на поставување камен-темелник на новата фабрика на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје.
-Денес го одбележуваме почетокот на нова инвестиција, но повеќе од тоа денес вградуваме уште еден темел на економка доверба. Јасен сигнал дека кога институциите се посветени успехот неминовно доаѓам рече премиерот Мицкоски.
Компанијата „Чагатај Кабло“ започнува со изградба на нова фабрика во рамките на ТИРЗ Скопје 1.
-Се работи за инвестиција од вредност од од шест милиони евра. Ќе се изгради објект со површина од 10 000 квадратни метри и ќе се отворат нови до 200 работни места, како што кажа и претседателот на управниот одбор ќе дојдеме до бројка до 500 работни места кои што ќе произведуваат овде во произдоствените капацитети на компанијата „Чагатај Кабло“.
Премиерот претходно кажа и дека идната недела, на 16 јули, ќе биде поставен камен-темелникот на ветерниот парк во Штип што треба да го гради „Алказар енерџи“, како и дека по одморите ќе има состанок со раководството на турската компанија „Казанџи груп“ за да се дефинираат приоритетите по потпишувањето на Меморандумот.