Мицкоски: Ќе отвориме фронт против криминалот, ќе направиме распуштање на судски совет и совет на јавни обвинители

од Вести365.МК | М.Т.

„Криминалот и корупцијата во Македонија се на пандемиски размери и од тие причини довербата во судството и обвинителството е едноцифрена, довербата на граѓаните и се мери со индекс 2-3-4-5%. Тоа не го кажувам јас, тоа го кажува јасно Стејт Департментот во својот извештај, тоа го кажува Европската комисија во својот извештај, тоа го кажуваат германските стопанственици присутни во Македонија во својот извештај и впрочем тоа го кажува бизнис заедницата и на крај основниот суверен тоа се граѓаните преку мерење на јавното мислење“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот „Дуел за Македонија“ во „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

Претседателот Мицкоски истакна дека како идна Влада ќе отворат фронт против криминалот, распуштање на судскиот совет и советот на јавни обвинители се со цел тие да бидат независни тела.

„Прво што ќе направиме е распуштање на судскиот совет и советот на јавни обвинители. Сакаме тоа да биде независно тело, да биде независно од политичарите, од владата, од претседателот, од парламентот. Измени законски со кои обвинителите во апелациските подрачја, судиите ќе си ги изберат своите претставници на директни избори. Владата ќе овозможи независен Буџет и ќе прави набљудување на работата на овие две независни тела“, заклучи Мицкоски.

Слични објави