Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции кои се гледаат и на терен

од Вести365.МК | М.Т.

Автопати, водоводи, канализации… ова се само дел од капиталните инвестиции кои се реализираат од страна на владата.

Ние сме фокусирани на вистински капитални инвестиции. Тоа го гледате и во општините и на терен, скоро бевме тука како би ја отпочнале реализацијата за Коридорот 10д, кој автопатски ќе ги поврзе Прилеп и Битола. На почетокот имавме дилема кој пат да го фатиме. Првиот пат беше да излеземе од тој проект, а со тоа македонските граѓани да плаќаат стотици илјади евра пенали поради катастрофалниот договор на претходната влада. Или второто беше да работиме и да го забрзаме процесот и што побрзо да се реализира. Ние одлучивме второто да го направиме, бидејќи сакаме да имаме автопати, тие се дел од нашата програма и бевме свесни дека мора два пати повеќе да работиме за да можеме да ја стигнеме динамиката, да го надоместиме тоа кое беше испуштено од претходната влада.

Ова го истакна претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски по денешната посета на Тутунски комбинат АД Прилеп, во одговор на новинарско прашање, во однос на планот за капиталните инвестиции за наредната година.

Сега веќе се работи на две секции од четирите, третата се подготвува, за четвртата Требениште- Ќафасан имаме проблеми, бидејќи дел од делницата е во периметар кој е заштитен од УНЕСКО, дел е во приватни парцели, работиме и на тоа. Не работиме со 2 пати побрзи чекори, туку направивме 4 пати побрзи чекори. На потегот од Прилеп до Битола од околу 1200, 1300 парцели- 850 веќе се решени, очекувам и другите. Армијата работи на деминирање, така што сите капитални инвестиции се реализираат и за следната година во буџетот се предвидени околу 50,5 милијарди денари – истакна премиерот.

Мицкоски подвлече дека за разлика од претходно, сега има вистински реални капитални инвестиции и обзнани еден податок.

До 24 јуни буџетскиот дефицит и реализираните капитални иинвестиции беа 3:1, 18 милијарди на 6 милијарди, заклучно со месец октомври- буџетскиот дефицит е под 24 милијарди, а капиталните инвестиции се околу 19 милијарди. До крајот на годината би требало да се спојат, заклучи Мицкоски.

Слични објави