Мицкоски: Со „францускиот предлог“ власта ги понижи граѓаните на Македонија

од Вести365.МК | М.Т.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека со прифаќањето на францускиот предлог, власта ги понижи граѓаните.

Мицкоски е дециден дека нема да има под овие услови промена на Уставот, така што позицијата е објаснета, освен да ја осудам позицијата на Ковачевски и Пендаровски , на која се противат 85 проценти од граѓаните.

„Сега сум позагрижен кога слушнав дека Ковачевски ја носел таа одлука, дека од октроиран политичар зависи судбината на нашите деца и на нашите неродени потомци. Вие да влезете во авантура да одлучувате без да добиете поддршка од парламентот , тогаш сте направиле огромна грешка. Тоа е срамота, понижувачки и не вреди дополнително да се коментира“ рече Мицкоски.

Слични објави