Мицкоски со партиска делегација на средба со Стефани Руст од НДИ

од Вести365.МК Ј.Р.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со координаторот на пратеничката група и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и пратеничката и член на ИК Марија Митева остварија средба со Стефани Руст, потпретседателка за програми на НДИ во Собранието, на која, како што информираат од партијата, била истакната одличната соработка изминативе години и потенцирана важноста од продолжување на соработката во иднина.

На средбата, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски информирал за убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните и претседателските избори, кои за ВМРО-ДПМНЕ претставуваа голема обврска и одговорност пред граѓаните како идна влада.

Мицкоски, исто така, информираше за текот на политичките процеси по формирање на идната влада, за реформите каде главен фокус ќе биде борбата со криминалот и корупцијата, забрзаниот економски раст и напредокот на Македонија ко ЕУ. Воедно Мицкоски, се заблагодарил на НДИ за одличната соработка изминативе години и со сигурност ја потенцираше важноста од продолжување на соработката во иднина. 

Слични објави