Мицкоски на средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, разговарале за инвестиции и отворање нови работни места во земјава

од Вести365.МК Ј.Р.

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска во рамките на 62. Минхенска безбедносна конференција оствари работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови „Лидл“ и „Кауфланд“.

Facebook/Hristijan Mickoski

Како што информира премиерот на социјалните мрежи, разговарале за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја.

– Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири.
Продолжуваме да разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава!, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Слични објави