Мицкоски: Жалам што СДСМ пропушта историска шанса

од Вести365.МК Ј.Р.

Иако средбата Ковачевски-Мицкоски заврши без договор, поради што и претседателот Пендаровски одби да ја коментира, пет дена по неа сѐ уште не престануваат тврдењата на СДСМ дека Мицкоски прифатил уставни измени, но без осврт кон посочените услови под кои опозициската партија би се согласила за тоа. Ваквиот пристап само ја интензивираше размената на меѓупартиски реакции, и ја зголеми недовербата меѓу соговорниците. За таквиот епилог и прашањето – што потоа, Дојче Веле разговараше со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

ДВ: Имате ли анализа, што беше целта на лидерската средба, ако вашиот став за уставни измени стана предмет на слободна и неточна интерпретација од СДСМ?

-СДСМ е потполно свесна за тоа што го понудив на лидерската средба, но упорната манипулација која се прави со изнесување на неточни информации и импутирање на зборови практично ја отсликува состојбата во партијата и значи отсуство на волја да се направи реален исчекор со решение кое ќе значи зачувување на идентитетот и реална и брза интеграција на државата. Дотолку повеќе што задните и вистински намери се гола пиар реторика и битка, отколку грижа за државата. Расфрлањето со пердуви е контрапродуктивно затоа што јасно е од лидерската средба дека нема договор, а сѐ уште чекаме одговор од СДСМ – кој од двата предлози кои ги понудив тие го прифаќаат. И на самата средба Ковачевски беше дециден дека нема договор, што и јас го кажав потоа во изјавите пред медиумите. Мојата цел беше да се одглават работите и да се даде поинаква перспектива на процесите, да создадеме решение кое нема да биде на штета на граѓаните и иднината на Македонија. Жалам што СДСМ пропушта голема и историска шанса.

ДВ: Има ли најава од Ковачевски и СДСМ дали и кога ќе се изјаснат за тоа кој ваш предлог е прифатлив за нив?

Ние чекаме одговор. Непродуктивно и бесцелно е да се продолжи со какви било разговори или работни групи, ако тие не се сложуваат за предлозите кои ги дадовме. Ние ќе почекаме уште некој ден. Наместо да трошат енергија на посипување пердуви, нека имаат суштински состаноци и нека излезат со став.

Целото интервју можете да го прочитате тука.

Слични објави