Мицкоски: Владата на ВМРО – ДПМНЕ ќе ја поддржи изградбата на влезовите и спортски центар во Битола

од Вести365.МК Ј.Р.

Владата на ВМРО – ДПМНЕ ќе помогне во Битола да се изградат сообраќајните влезови во градот од страната на Прилеп и на Ресен, а ќе финансира и проект за изградба на спортски центар вреден 10 милиони евра, изјави претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Битола.

Мицкоски најави инвестиции вредни 46 милиони евра во Битола.

-Пред влезот на Битола од страната на Прилеп се реализира проект кој е вреден 2,5 милиони евра, или 150 милиони денари, и ако на тоа се додаде експропријацијата би достигнал вредност од 180 милиони денари. Ова е проект што очекуваме да биде опфатен со реструктуирањето на буџетот на крајот на годината, сега во декември, и преку амандманска интервенција од страна на пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ од овде од Битола да бидат обезбедени тие средства и ќе можеме од пролет да се реализира. Но, доколку тоа не се случи, тогаш ова ќе биде прв проект кој што владата на ВМРО-ДПМНЕ во Битола ќе го финансира заедно со спортскиот центар вреден околу 10 милиони евра, влезот од страната на Ресен повторно 2,5 милиони евра, нови 10 автобуси за јавното сообраќајно претпријатие на електричен погон, еколошки автобуси, истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ јавно го осуди одземањето на ингеренции во областа на образованието кое, како што рече, Владата дрско го направи кон локалната самоуправа и најави нови инфраструктурни инвестиции во Битола.

-Планираме преку проектот децентрализирање на средства од државниот буџет кон општините од прилика 46 милиони евра за Битола, односно 11,5 милиони евра на годишно ниво, пари кои ќе бидат директно финансирани од централниот буџет и ќе бидат инвестирани, рече Мицкоски и порача да не се блокираат проектите на локално ниво финансирани со европски пари каков што е проектот за велосипедски патеки во Битола. 

На прес – конферениција во Битола Мицкоски најави дека со доаѓањето на власт на ВМРО – ДПМНЕ и промена на раководството на Македонски железници, тој како иден примиер ќе организира заедничко патување со воз од Скопје до Битола. 

Слични објави