Мицкоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе биде готов најдоцна до првиот квартал следната година

од Вести365.МК Ј.Р.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека автопатот од Кичево до Охрид ќе биде завршен во планираниот рок до првиот квартал в година. Истовремено, потенцира, течат работите за изградба на делницата од Тетово до Гостивар, Гостивар – Букојчани. 

– Пред некој ден со новинарите имавме увид во градежните активности што се одвиваат на автопатот, најпрвин Гостивар – Букојчани, а потоа Кичево – Охрид. Повеќе од една милијарда се инвестира во оваа патна делница и очекувам делницата Кичево – Охрид да биде завршена некаде најдоцна во првиот квартал в година, што беше заборавено, аj што беше заборавено, беше и уништено – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на Кичево.

Сега, додава тој, се разгледува можност, конечно, и за таму да има одговорност зошто работите на патот Кичево – Охрид така се оставиле на забот на времето.

​- Исто така, како што чувме и од самиот изведувач на патот, практично од Гостивар до Букојчани, напредна фаза е реализацијата и на таа делница. Веќе би рекол, повеќе од вкупниот број, мислам триесетина километри, мислам дека половината е веќе пробиена – истакна премиерот.

Појасни дека што се однесува до урбанистичкиот сегмент, имотно-правните односи целосно се заокружени, така што изведувачот може да работи и да го заврши и тој дел од автопатот. 

Слични објави