Мисајловски: Се бориме за македонските позиции на секое поле, но и за приоритетите на НАТО алијансата и важноста да се зачува демократијата и мирот

од Вести365.МК | М.Т.

Во Вашингтон продолжува Самитот на НАТО, со кој се одбележуваат 75 години од формирањето на Алијансата во 1949 година. На Самитот учествува и македонска владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски во чиј состав се и министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, за одбрана Владо Мисајловски и за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во рамките на посетата на Вашингтон, учествувавме на отворањето на НАТО самитот кој продолжува и во текот на денешниот. Продолжуваме со одличните билатералните средби со високи американски претставници во Вашингтон.

Се бориме за македонските позиции на секое поле но и за приоритетите на НАТО алијансата и важноста да се зачува демократијата и мирот.

Завршува времето на лаги, неспособност и неработа. Почнува време на реформи, инвестиции, дигитална трансформација.

Мораме да дадеме добар пример за сите во изнаоѓање на пат до подобар животен стандард и сигурна држава која припаѓа на сите граѓани, пишува Мисајловски на Фејсбук.

Слични објави