Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска се сретна со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Н.Е. Драган Јачимовиќ, во Министерството за одбрана. Во текот на средбата, Мисајловски нагласи дека приклучувањето на останатите земји од регионот во НАТО и Европската Унија е од особен интерес за Македонија.
Разговорите опфатија и планот за билатерална соработка за оваа година, кој предвидува реализација на триесет активности, што го одразува зголемувањето на меѓусебната соработка меѓу двете земји.