Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска ќе оствари работна посета на општина Делчево каде заедно со градоначалникот Горан Трајковски ќе направи увид на текот на работите за изградба на пречистителната станица за вода за пиење во село Тработивиште.
Изградбата на пречистителната станица се реализира во рамки на проектот „Подобрување на водоснабдувањето на Делчево“.
Шукова и Трајковски ќе ја посетат и фирмата „Брегал“ ДОО Делчево, каде има инсталирано фотоволтаични панели.
Фото: МИА архива