Вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити денеска беше во посета на InfoTech Academy, каде се оддржуваат Отворени денови. Според него, овој центар е јасен пример на тоа што се случува кога приватниот сектор ќе се ослободи од притисокот.
Вицепремиерот во изјава за медиумите рече дека како извршна власт ќе се залагаат за доделување стипендии за најдобрите ученици за да го поддржат нивниот развој и оспособување.
-Нашата поддршка за вакви проекти ќе биде евидентна бидејќи само така може да се развива нашето општество. Фактот што имаме значајни инвестиции како овој центар покажува дека нашите економски политики функционираат, создавајќи безбедна и атрактивна средина за инвеститорите, рече Меџити.
На младите, додаде вицепремиерот, со вакви проекти им се дава можност да ги следат своите соништа, да развиваат иновации и да придонесуваат за економијата на земјата