Меџити: АРТАН ГРУБИ ГО ЛАЖЕ АЛИ АХМЕТИ

од Вести365.МК Ј.Р.

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити на средбата во Тетово со соистомисленици изјави дека сакаат да испратат порака дека има повеќе од 2-3 незадоволни во партијата.

Тој посочи дека не сакаат да му наштетат на ДУИ, туку напротив, сакаат да ја факторизираат партијата, пренесува ШЕЊА.

„По Селца, вечерва сме во Цетинска, во срцето на Тетово! Од тука, освен што сакаме да го слушнеме гласот на граѓанинот тетовец, испраќаме и силна порака дека не сме 2-3 незадоволни како што Артан Груби го лаже претседателот Али Ахмети. Само јавно го артикулираме незадоволството и гневот што го имаат граѓаните од Куманово, Скопје, Тетово, Гостивар и сите албански населби кон оваа промашена и арогантна извршна власт, рече тој.

Меџити посочува дека не сака ДУИ да ја има судбината на ПДП или ДПА туку да зајакне и да се врати во базата, да се врати на потеклото, да се врати кај граѓанинот, без опортунистичките министри на чело со Артан Груби.

Слични објави