Мерцедес ја промовираше освежената Е-класа!

Официјално ја доживеа својата премиера Mercedes-Benz E-Класа за 2024 година, а германскиот производител подготви серија промени за својот седан.

Кога станува збор за изгледот, E-Класа наликува на својот „поголем брат“ S-Класа, не само во целокупната површина, туку и со детали како рамните рачки на вратите и силната хоризонтална хромирана линија што се протега низ капакот на багажникот помеѓу задните светла. Но, малку покомпактната форма му дава нешто што се приближува до атлетизмот на помалата C-Класа.

Во зависност од нивото на опременост што ќе го изберат купувачите, решетката ќе биде Progressive што значи дека има десетици мали ѕвезди, или „Classic“ што е позната конзервативна решетка на Daimler. Новата пијано црна решетка како опкружување на предницата и мотивот со трикратна ѕвезда во задните светла гарантираат дека E-Класа нема да биде помешана со кој било од тие автомобили.

Во ентериерот, сличностите се многу поголеми со S-Класа отколку со C-Класа. За почеток, меѓуоскиното растојание е растегнато за нешто помалку од еден 22 мм и сега изнесува 2.961 милиметри, ослободувајќи повеќе простор во автомобилот кој сега е долг 4949 мм. Просторот за колената и максималниот простор за нозете се зголемени за 10 и 17 милиметри соодветно, а Mercedes вели дека дополнителните 25 мм простор значи дека има речиси исто толку простор за ширење како во голем луксузен автомобил.

Но, кога станува збор за контролната табла, инструмент кластерот и инфозабавниот екран, новата E-Класа има повеќе заедничко со своите електрични EQE и EQS роднини отколку со своите браќа со погон на внатрешно согорување. Стандардно, E-Класа доаѓа со самостоен дигитален екран за инструменти и медиумски екран MBUX интегриран во контролната табла. Но, тој екран може опционално да се прошири за да вклучи екран наменет за патникот на предниот дел.

Новата E-Класа на Mercedes има повеќе заедничко со своите електрични EQE и EQS роднини, отколку со своите браќа со погон на внатрешно согорување. Погонскиот систем е целосно електрифициран, иако не постои целосно електрична E-Класа. Секој мотор има некаква хибридна помош, а половина од моторите се plug-in хибриди.

Mercedes верува дека поврзувањето и способноста да внесе проследена содржина и активност на социјалните мрежи во автомобилот е следната граница. Поради тоа, E-Класата има селфи камера и пристап до апликации и игри како TikTok и Angry Birds, плус можност за „стриминг“ на видео. Системот за следење на лицето ќе ја деактивира видео содржината што се емитува на совозачкиот екран ако открие дека возачот поминува премногу долго не гледајќи на патот.

Mercedes вели дека новиот, исклучително моќен единечен процесор ја врши работата што претходно би ја извршувале повеќе делови од хардверот, правејќи го целиот електричен систем побрз.

Во освежената линија на Mercedes E-Класа, бензинскиот модел E200 со погон на задните тркала има моќност од 204 КС, додека неговиот дизелски еквивалент, E200d има моќност од 197 КС и е достапен со погон на задните или 4Matic на сите тркала. Според производителот, сите три верзии можат да достигнат спринт од 0 до 100 км/ч за 7,8 секунди или помалку, а максималната брзина е 238 километри на час. Интегрираниот стартер генератор има моќност од 23 КС.

Сите приклучни модели достапни во Европа се 2.0-литарски бензински мотори со четири цилиндри и електрични мотори од 129 КС, кои можат да достават до 100 километри електричен опсег на возење. E300e и E300e 4Matic имаат моќност од 313 КС, додека E400e 4Matic има моќност од 381 КС и е најбрзиот модел со спринт од 0 до 100 км/ч за 5,3 секунди. Постојат и AMG верзии кои се очекува да бидат далеку помоќни.

Стандардната поставка е традиционалниот систем на потпирање со челични пружини, но купувачите можат да ја одберат поставката со воздушен систем на потпирање за поголемо луксузно искуство. Достапниот технолошки пакет комбинира воздушна суспензија со приспособливо амортизирање и управување на задната оска, што им дава на возилата круг на вртење како на субкомпактен хечбек.

Mercedes E-Класа ќе биде достапна за продажба подоцна оваа година, но цените се уште не се објавени.

Слични објави