Медицински техничар во Германија уби 2 пациенти: „Сакав малку мир, за да играм игри на телефон“

од Вести365.МК Ј.Р.

Покраинскиот суд во Минхен денеска осуди медицински техничар на доживотен затвор за убиство на двајца пациенти и обид за убиство на уште шестмина. „Вашата задача беше да помогнете во лекувањето, а вие го направивте токму спротивното“, рече претседателот на судскиот совет Норберт Ридман, објаснувајќи му ја пресудата на 27-годишниот медицински техничар.

Судот го обвинува здравствениот работник дека во 2020 година им дал лекови за смирување на пациентите, што довело до смрт во два случаи, кај пациенти на возраст од 80 и 89 години. Во шест други случаи, пациентите преживеале. Како мотив за убиствата медицинскиот техничар изјавил дека „сакал да има мир“ за да спие и да игра игри на мобилниот телефон.

Во текот на судењето, осудениот рече дека доколку не бил откриен, „ќе продолжел со истата пракса“. Во пресудата, судскиот совет ја наведе посебната тежина на вината, што го исклучува предвременото ослободување додека отслужува доживотна затворска казна, која во Германија е 15 години.

Судот го одби барањето на адвокатот по издржувањето на казната врз обвинетиот да се спроведат посебни заштитни мерки за да се спречат натамошни кривични дела, но му изрече доживотна забрана за работа во медицински установи.

Слични објави