Медведев: Ако Путин го уапсат во Германија, сите руски ракети ќе летаат кон Бундестагот

од Вести365.МК | Е.Д.

Дмитриј Медведев, поранешен претседател на Русија и заменик претседател на рускиот Совет за безбедност, ја коментираше потерницата издадена од Меѓународниот кривичен суд (МКС) по рускиот претседател Владимир Путин, пишува Ројтерс.

„Секој обид за апсење на Путин би значело објавување војна на Русија“, објави тој на Телеграм.

Русија е една од земјите што не го признава МКС. Медведев тврди дека МКС е правна ништовност која никогаш не направила ништо значајно.

„Да замислиме ситуација која никогаш нема да се случи, но да замислиме дека ќе се случи – актуелниот шеф на нуклеарна држава оди на територијата на Германија и е уапсен. Што би значело тоа? Објавување на војна на Руската Федерација. И во тој случај сите наши ракети би летале до Бундестагот до канцеларијата на канцеларот“, рече Медведев.

Кремљ вели дека налогот за апсење на МКС е политичка одлука, но бесмислена во однос на Русија.

Руските власти ги негираат воените злосторства во Украина и велат дека Западот го игнорирал она што Русија тврди дека се украински воени злосторства.

Слични објави