Принцот Хари и Меган Маркл потврдуваат дека кралот Чарлс им ја одзел кралската резиденција Фрогмор во Виндзор, која била нивна адреса во Британија. Според нивниот портпарол, тие биле замолени да го напуштат својот дом во Фрогмор, Виндзор. Наводно, оваа одлука на кралот следи откако Хари ги објави своите контроверзни мемоари во јануари.
„Можеме да ја потврдиме информацијата дека војводата и војвотката од Сасекс, беа замолени да ја напуштат својата резиденција во Фрогмор, Виндзор“, изјави нивниот портпарол за медуимите.
Меган и Хари биле шокирани од кралската одлука, а рокот за да ја напуштат куќата бил само две недели, со барање да ги земат своите лични предмети пред летото. Односите помеѓу кралското семејство и Хари не биле лоши, вели Омид Скоби, еден од авторите на нивната биографија „Finding Freedom“.