МВР со детели по вчерашното убиство кај Кале – Еве што се случувало

од Вести365.МК Ј.Р.

На 06.03.2023 во 20:11 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Самоилова“ во Скопје пет лица облечени во црна облека со фантомки од огнено оружје пукале кон Ј.К. (37) и Е.И. (28), кои починале на местото на настанот.

Пукано е и кон А.Т.(34) од Скопје, кој се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

Известен е јавен обвинител, кој излезе на лице место и по чија наредба телата се дадени на обдукција.

Околу 20:30 часот било опожарено возило „ауди а6“ на патот кон Горно Оризари.

По насоки од јавен обвинител, извршени се службени разговори со повеќе лица и се преземаат соодветни мерки и активности за расчистување на убиството.

Слични објави