Откако беше објавено дека имало обид за киднапирање во Карбинци, МВР вели дека немало такво нешто туку само за младо лице кое поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе.
Инаку М-НЕТ и Тв Стар објавија дека денеска имало неуспешен обид за киднапирање на две деца кои биле од македонска и турска националност.
4news.мк се обратиле до МВР од каде велат дека нема обид за киднапирање.
„Денеска (05.12.2023) во 09.52 часот во СВР Штип од Основно училиште во Општина Карбинци е пријавено дека околу 09.30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло младо машко лице, кое според пријавеното, поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе, но таа веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР за 4news.mk