36-годишна жена и нејзиното бебе-доенче попладнево се пронајдени мртви во тетовското село Слатино, објави ТВ21.
Како што првично јави телевизијата, на нивните тела имало траги од насилство, а таткото на семејството, заедно со синот, се во болница, каде им се укажува помош.
Попладнево околу случајот се огласи МВР:
„Денеска (08.10) околу 14:00 часот во СВР Тетово Т.Ј. од Теарце во својство на лекар пријавил дека бил повикан на интервенција во село Слатино од М.З. од Слатино, Тетово, кој без знаци на живот ги пронашла нејзината ќерка К.Ш (36) и нејзината внука доенче во нивниот семеен дом, каде што била констатирана смрт. Постапувајќи по пријавата, обезбедено е местото каде екипа од СВР Тетово во соработка со јавен обвинител извршила увид и по наредба на обвинител безживотните тела на починатата се предадени на обдукција, додека нејзиниот сопруг Р.Ш. (50) заедно со неговиот малолетен син, ќе бидат пренесени на лекарска помош во тетовската клиничка болница, а потоа лицето Р.Ш. ќе биде приведено во Полициска станица за понатамошно постапување“, пишува во соопштението на МВР.