Мајката на монструмот Коста Кецмановиќ вратена од македонска граница, еве зошто

од Вести365.МК Ј.Р.

Мајката и сестрата на 13-годишниот Коста Кецмановиќ, кој минатиот месец уби 9 соученици и чувар во ОУ „Владимир Рибникар“ во Белград, се обиделе да ја напуштат Србија, но се запрени на граничниот премин „Прохор Пчињски“ на пат кон Македонија, јавуваат српските медиуми. Засега не е познато која била крајната дестинација, Македонија или пак Грција.

Мајката на момчето и нејзината ќерка се вратени од граничниот премин бидејќи истрагата против мајката е во тек, а целиот имот им е привремено блокиран. Исто така, со неа е извршен разговор по застанувањето на граница – соопшти српската полиција.

Полицијата не била информирана за нејзиното заминување од државата и затоа била вратена од граничниот премин.

Министерството за внатрешни работи ќе побара и да и се изрече забрана за напуштање на територијата на Србија или градот Белград.

Милјана е запрена бидејќи е под истрага, иако нема забрана да ја напушти земјата на живеење таа мора постојано да биде достапна на истражните органи. Органите имаат сомненија дека го запоставила и го малтретирала момчето убиец пред да го изврши делото. Доколку се докаже дека го сторила ова кривично дело, и се заканува затворска казна до три години.

Слични објави