Матурантите на протест пред МОН бараат кратење во државата матура

од Вести365.МК | М.Т.

Матурантите денеска протестираа пред Министерството за образование барајќи да се скрати испитниот материјал за државната матура или да се намали бројот на интерни испити. Протестот беше организиран од Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите, а студентите од движењето „Студентски отпор“ им се придружија на протестот. Анисија Угриновска од ОДАС, изјави дека причините за протестот се однесуваат на проблемите кои ги имаа учениците оваа учебна година а се однесуваат на онлајн-наставата, дојави за бомби, штрајкови на професори и прекинување на учебната година поради штрајковите на ЈСП. Со оглед на тоа што полагањето на матурата започнува на 27 мај, скратувањето на испитниот материјал беше главното барање, а намалувањето на бројот на интерни испити беше алтернативен предлог.

Средношколскиот сојуз реагираше на барањето на матурантите со изјава дека намалувањето на бројот на интерни испити не е во интерес на матурантите, што Анисија Угриновска го оцени како задоцнето. Но, Сојузот смета дека укинувањето на еден интерен испит би наштетило на матурантите, бидејќи тоа би намалило нивната можност за универзитетски студии. Според анализата на Сојузот, укинувањето на еден интерен испит би предизвикало штета за учениците кои аплицираат за студии во странство, бидејќи нема да имаат доволен опсег на предмети.

Слични објави