Малик Обама: Мојот брат сè уште владее со Америка

од Вести365.МК | М.Т.

Полубратот на Барак Обама тврди дека поранешниот американски претседател се уште владее со САД.

„Тој сè уште ја води земјата зад затворени врати“, рече Малик Обама, според „Њујорк пост“.

Дополнително, тој посочува дека Барак Обама ќе има важна улога доколку демократската кандидатка Камала Харис победи на претседателските избори.

Според Малик Обама, поранешниот американски претседател дефинитивно е вклучен во повлекувањето на актуелниот американски лидер Џо Бајден од изборната трка.

На прашањето дали Камала Харис и Барак Обама се договориле за да го соборат Бајден и дали останале во контакт, Малик одговори: „Сигурен сум дека разговарале речиси секој ден“

Слични објави