Макрон прошета низ обновената катедрала Нотр Дам во Париз во присуство на ТВ-камерите (ВИДЕО)

од Вести365.МК | М.Т.

Реставрираната катедрала Нотр Дам во Париз беше отворена денеска, пет години по катастрофалниот пожар што ја опустоши историската зграда.

Отворањето на катедралата беше емитувано во живо на телевизија, а беше извршено во присуство на Емануел Макрон, претседателот на Франција.

Дел од дрвата за покривната конструкција доаѓале од цела Франција, а дел од донации, рече Макрон.

Претседателот на Франција беше придружуван од сопругата Брижит, како и парискиот надбискуп Лоран Улрих. Официјалното отворање на катедралата е закажано за седми декември, а првата молитва ќе се одржи следниот ден.

Реновирањето на катедралата чинеше 700 милиони евра. Макрон одржа и говор на благодарност до околу 1.300 занаетчии, работници и експерти кои работеа на нејзиното реновирање. Обновената внатрешност на катедралата била чувана во тајност за време на реновирањето.

Пожарот во Нотр Дам избувна на 15 април 2019 година, додека се работеше на реконструкција на неговата надворешност. Последната реконструкција на катедралата е извршена во 50-тите години на минатиот век.

Катастрофалниот пожар уништил поголем дел од внатрешноста на катедралата, а еден од спасените симболи е статуата на Богородица.

Скапоцениот камен на готската архитектура е детално реновиран, нудејќи им на посетителите обновен ентериер, објави “BBC”.

Слични објави