Македонски државјанин фатен како вози во спротивна насока на автопатот Белград–Ниш (ВИДЕО)

Припадници на српската Управа на сообраќајната полиција синоќа пресретнаа возач што се движел во спротивна насока кај Гроцка, на автопатот Белград – Ниш.

Никој не е повреден, а против возачот е поднесена прекршочна пријава, објавуваат српските медиуми.

Српското МВР на својот официјален инстаграм-профил сподели видео од запирањето на возачот

Возилото „фолксваген голф“ го управувал 49-годишен државјанин на Македонија.

Слични објави