Маж во САД застрела девојче додека играло криенка: „Видов некои сенки“

од Вести365.МК Ј.Р.

Власта во американската сојузна држава Луизијана обвини 58-годишен маж дека пукал со огнено оружје кон група малолетници кои си играле криенка и ранил 14-годишно девојче. Инцидентот се случил рано наутро во неделата во градот Старкс, Луизијана.

Полицијата соопшти дека група малолетници си играле криенка и се криеле во соседните дворови кога Дејвид В. Дојл пукал од пиштол. 58-годишниот маж им рекол на полицајците дека видел некои сенки пред својата куќа, а потоа земал оружје и почнал да пука во децата кои бегале од неговиот имот, пишува Си-Ен-Ен.

Притоа тој застрелал 14-годишно девојче во задниот дел од главата. Девојчето е пренесено во болница со повреди кои не се опасни по живот. Инцидентот се случил во ќорсокак во кој живеат само три семејства – Дојл, семејството на жртвата и роднина на семејството на жртвата. Дојл беше обвинет за напад, незаконска употреба на огнено оружје и напад.

Слични објави