Леб ќе има, пекарите ПРАВНО ќе ВОЈУВААТ со владата

од Вести365.МК Ј.Р.

Од утре во маркетите ќе има леб од 33 денари. Од Пекарско – мелничарската индустрија обвинуваат дека биле жртва на безумие, бидејќи одлуките на Владата се на нивна штета. Пекарите најавуваат дека ќе ја тужат државата со образложение дека поради нерентабилната цена по која треба да го продаваат лебот на крајот на мај ќе бидат во минус од четри и пол милиони евра, и бараат таа сума да им се надокнади. Веќе имаат ангажирано адвокати и во следните денови правдата ќе ја бараат по судски пат.

„Одлуките кои ги донесе Владата прават огромни штети и загуби на индустријата, на месечно ниво над еден милион евра. Поради наметнатите загуби пекарската индустија е принудена да се прилагоди и истите да ги намали со одредени видови на леб, но да намали и број на вработени“, рече Горан Малишиќ, пекарско – мелничарска индустрија.

Малишиќ не одговори колку точно чини да се произведе еден бел леб, вели секоја фурна има своја математика. Не сакаше да коментира ни како е можно пекарите од внатрешноста на државата лебот да го продаваат и под 30 денари и тоа да им се исплати.

Владата донесе одлука со која ги обврза пекарите да испорачуваат 80 отсто од количината на лебот која што ја дистрибуирале во маркетите во декември лани. Доколку тоа не го почитуваат ќе бидат санкциониранио од страна на Државниот пазарен инспекторат. Министерот за економија Крешник Бектеши за Алсат вели дека оваа мерка се носи да се ограничи профитот на компаниите во време на ваква криза и висока инфлација. Ако не се почитува оваа одлука казните се ригорозни.

„Првично, согласно член 30 прекршочните одредби се предвидени да бидат осум илјади евра а ако се повтори тогаш ќе постапиме согласно другите законски одредби…

Слични објави