ЦЕРЕМОНИЈАТА на крунисувањето на британскиот крал Чарлс треба да започне околу 11 часот по локално време и да трае нешто повеќе од еден час.
Чарлс патуваше со кралицата Камила од Бакингемската палата до Вестминстерската опатија. Рутата по која ќе тргнат се нарекува „Кралска поворка“.
Внатре во опатијата, Чарлс ќе седне на столот на Едвард и ќе го држи владетелскиот жезол, објект што ја претставува контролата врз британската нација. Тој ќе има и владетелска топка. За време на крунисувањето, Чарлс ќе биде прашан дали ќе управува со Велика Британија и другите нации на Комонвелтот со почитување на законот и правдата и дали ќе го задржи христијанството во нацијата.
Полицијата соопшти дека има уште апсења
Полицијата соопшти дека извршила голем број апсења во близина на местото на крунисувањето.
„Во центарот на Лондон е во тек значајна полициска операција. Направивме неколку апсења во областа Карлтон Хаус Тераса. Луѓето беа приведени поради сомневање дека го нарушиле мирот. Претходно денеска уапсивме четири лица во областа Сент Мартин Лејн.
Тие се приведени поради сомнение за заговор за вознемирување на јавноста. Уште три лица се уапсени во областа Велингтон Арч. Ќе има дополнителни ажурирања подоцна денес. Засега протестите се мирни“, соопшти Скотланд Јард.