Кралска венчавка во Јордан: Престолонаследникот Хусеин се ожени со Саудиска Раџва Ал Саифа (ФОТО)

од Вести365.МК Ј.Р.

Престолонаследникот на Јордан го освои срцето на архитект од Саудиска Арабија.

Престолонаследникот Хусеин од Јордан и архитект Раџва Ал Саиф од Саудиска Арабија се венчаа во четвртокот во палатата Захран во главниот град Аман.

На свадбата присуствуваа повеќе од 100 гости, меѓу кои и принцот Вилијам и принцезата Кејт, како и првата дама на САД Џил Бајден и нејзината ќерка Ешли.

Принцот Хашем бин Абдула, помладиот брат на престолонаследникот Хусеин, беше официјална придружба на невестата.

Свадбата на 28-годишниот престолонаследник и 29-годишниот архитект беше пренесувана во живо на социјалните мрежи.

Тие се венчаа според исламската церемонија.

Сите фотографии се заштитени со авторски права.

Извор: б92

Слични објави