„Кралот на криптовалутите“ УАПСЕН во Црна Гора: Тој стои зад 40 милијарди долари тежок колапс на валутата

од Вести365.МК Ј.Р.

Црногорската полиција во четвртокот го уапси јужнокорејскиот државјанин До Квон, кој се сомничи дека е еден од најбараните бегалци и трговец со криптовалути, соопшти министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ.

До Квон (32) е поранешниот „крал на криптовалутите“, кој стои зад загуби од повеќе од 40 милијарди долари, напиша министерот на Твитер, додавајќи дека се уште се чека официјална потврда на идентитетот.

Според Аџиќ, тој бил уапсен на аеродромот во Подгорица со фалсификувани документи, а по него трагаат Јужна Кореја, САД и Сингапур.

Јужнокорејските обвинители веруваат дека До Квон е претприемачот зад колапсот од 40 милијарди долари на двете валути, terraUSD и Luna, на кои многу инвеститори заработија милиони до крајот на мај 2021 година. Во мај истата година овие две валути пропаднаа и нивната вредност падна на нула.

Во септември минатата година Интерпол распиша потерница по него.

Се веруваше дека Квон се криел во Србија од крајот на минатата година.

Слични објави