Костадинов бара извинување за навредите и пцостите кон Струмичката епархија: Недозволиво е да се задушува слободата на изразување

од Вести365.МК Ј.Р.

Трибината „Зошто Не за сексуално образование во училиштата“ која на 17 март се одржа во Домот за култура Антон Панов во Струмица, каде на покана на организаторот Фондацијата Елеуса, присуствуваше струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов, а говорници беа проф. д-р Венко Андоновски и викарниот струмички епископ Јаков Стобиски, предизвика лавина реакции во јавност, пред се од Платформата за родова еднаквост па и од Министерството за труд и социјална политика само навестува остра дебата и спротивставени ставови кога предлог законот за родова еднаквост ќе се најде во Собранието пред пратениците. Предложениот текст во моментов е на ЕНЕР и според предлагачот МТСП треба да придонесе да се надминат пречките и недостатоците во ефикасното обезбедување на еднаквост и елиминирање на стереотите преку зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење.

Откако беа нападнати ставовите на Црквата за предлог законот за родова еднаквост кои беа кажани на трибината во Струмица, и оквалификувани како „антиженски, антихуманистички, противуставни и директно мешања на религијата во донесувањето на законите и покрај декларирањето на Македонија како секуларна држава“, на мета се најде и градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов.

Обвинувањата кон мене како градоначалник и кон Советот на Општина Струмица се апсурдни исклучиво јас сум се појавил на трибина која ја организира Фондацијата Елеуса и третира некаква тема. И тоа е нивно право на Црквата да има свој став исто како што е основно право на секој човек да има можност да слушне, да го апсоливира како тема, да го размисли и на крајот да донесе заклучок и на крајот да си го каже или да не си го каже својот став. Навистина зачудува бидејќи во еден момент чувствувам дека е обид за загушување на слободата на изразување што е недозволиво. Мојот личен однос како верник кој има свој духовен отец, кој се вика г. Јаков кој е викарен епископ на Струмичката епархија јас нема да дозволам да биде сменет само заради тоа што во моментов јас сум градоначалник. И многу е лесно за разбирање, рече Костадинов во гостувањето во емисијата „Утрински печат“.

Градоначалникот на Струмица очекува извинување за изнесените навреди и нагласи дека како градоначалник секогаш ќе присуствува и на други трибини доколку биде поканет, за да ги слушне и другите мислења на оваа тема.

-Очекувам таквите организации кои упатија сериозни навреди и пцовки кон Струмичката епархија и очекувам во најмала рака да им се извинат на струмичани затоа што ако го видите грбот на Општина Струмица ќе видите дека на едната страна стои крстот, а зошто стои, затоа што практично денот на градот кога е најголемиот празник за Струмица, 11 декември – Св.15 Тивериополски свештеномаченци. Најголемиот храм и еден од најважните храмови во државата е храмот на Св. Тивериополски свештеномаченици и тоа треба да го имаме во предвид. На страна ставовите, настрана моето лично мислење околу законот, тоа не е најбитна работа, но формата и третманот за тоа каде се појавил или не се појавил градоначалникот и советниците е недозволива работа. Ниту ќе дозволам некој да го третира мојот личен однос со Црквата или со другите религии на така јавна сцена. Ние политичарите сме избрани функционери на избори. Нашите функции се минливи и менливи. Статусот и личниот однос кој духовно го воспоставуваме со црквата или со духовниот отец, тоа е најинтимната работа која постои кај еден човек. Може да ја има, може да ја нема. Јас ја имам и не сакам со ништо да ми биде нарушено. Моето право да слушнам и да бидам присутен на сите трибини ако тие организации, организираат свои трибини во Струмица и ме поканат јас ќе се појавам да го слушнам и нивното мислење, тоа е обврска на градоначникот, затоа ние постоење, рече Костадинов.

Интервјуто можете да го погледнете тука.

Слични објави