Конти заврши, одма се појави друга пирамидална шема, а граѓани се навлекуваат

По Конти се појави Грок. На социјалната мрежа веќе се собрани 1000 корисници кои се спремни да вложат пари иако го знаат ризикот дека истите ќе ги изгубат.

Порталот „Мета“ пишува дека извесен Мартин Стојанов од Радовиш е претходен администратор и на претходната „Конти“ но и на новата „Грок“ апликација. Шемата воопшто не се разликува од претходно. Се инсталира апликација, се кликаат лајкови на филмови, се вложуваат пари, а има и различни пакети. Но, заработката не доаѓа од „кликовите“, туку од привлекувањето нови и нови луѓе. Колку си погоре во пирамидата, толку е поголема веројатноста за заработка.

Јас ги предупредив луѓето дека Конти ќе паѓа, од 14.000 луѓе, само 2.000 ме послушаа. Тие сега чекаат нова шанса од мене“, вели Стојанов, додавајќи дека „сè е на нивни ризик, бидејќи утре може да падне и новата апликација“.

На прашањето како знаел дека ќе падне „Конти“, Стојанов одговара дека уште пред 10 години е влезен во овие пирамидални шеми и е целосно запознаен со тоа како функционираат. За „Конти“ дознал преку Словенија, од неговата бивша девојка, која во декември 2023 година „влегла“ во апликацијата. Над неа имало една претпоставена, а главен менаџер била извесна Ангела, за која никој не знае која е.

„Дури и полицијата од Радовиш беше влезена во Конти“, вели Стојанов.

Слични објави