Министерот за здравство Фатмир Меџити и заменик- министерката за здравство Маја Манолева денеска ја посетија Универзитетската клиника за токсикологија, каде се комплетно реновирани одделите за токсикологија и детоксикација. Инвестицијата е во вредност од 9,5 милиони денари.
Како што соопшти Министерството за здравство, станува збор за комплетно реновирање на болничките соби, опремување со нови кревети и мебел, 24-часовен централен надзор и мониторинг на сите витални параметри на сите хоспитализирани пациенти, како и комплетно реновирање на сите тоалети на овој кат. Оваа инвестиција значи унапредување на условите за третман и успешно лекување на пациентите.