Ковачевски: Ние напреднавме девет места во борба против корупција, но тоа не е доволно потребно ни е комплетно независно судство

од Вести365.МК | М.Т.

Лидерите на двете најголеми политички партии зборуваа за еден од најголемите општествени проблеми во Македонија – корупцијата. Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски е свесен за лошата состојба во државата и за тоа дека граѓаните се разочарани, тие, вели, направиле многу на ова поле, но борбата мора да продолжи.

„Во однос на борбата против корупцијата и владеењето на правото свесен сум дека граѓаните се незадоволни. Ако некој може да биде одговорен за ова тогаш тоа сум јас ние бевме на власт. Дали можеше да се направи повеќе, можеше. Ние напреднавме девет места но тоа не е доволно потребно ни е комплетно независно судство. Јас бев иницијатор да имаме независно оценување на работата на судството и затоа ја имаме и оценската комисија. Точно да се знае како се бира Судски совет, како се бираат членови, колкав е нивниот мандат. Ова и целосен ветинг сакав да се спроведе во државата. Вои однос на борбата со корупцијата барам конфискација на нелегално стекнатимот се може да се провери. Да се прави проценка кој која финкција може да ја извршува“, рече Ковачевски.

Слични објави