Кипар: Суспендирани двајца полицајци кои воделе љубов во службеното возило

од Вести365.МК Ј.Р.

Двајца кипарски полицајци се суспендирани откако биле снимени како водат љубов во патролно возило сред бел ден.

Жител на Ларнака , град во југоисточен Кипар , возејќи наишол на маж и жена, полицајци, кои имале сексуален однос во паркирано патролно возило.

Полицајците наводно имале вонбрачна врска, додека и двајцата биле во брак. Полицајката според некои извори, е мајка на неколку деца.

Инцидентот наводно се случил додека биле на должност, поради што двајцата биле суспендирани.

Слични објави