Кина ја опколи својата најголема пустина со шума

од Вести365.МК | М.Т.

По 46 години, Кина го заврши проектот за опкружување на најголемата пустина со шума како дел од иницијативата за запирање на опустинувањето и спречување на пустинските бури, објавија денеска државните медиуми.

Зелениот појас околу Такламакан, долг 3.000 километри, беше завршен денеска во регионот Ксинџијанг, откако работниците засадија дрвја на последните стотина метри од северниот раб на пустината, објави People’s Daily.

Проектот познат како „Големиот зелен ѕид“ започна во 1978 година и досега има позеленени повеќе од 30 милиони хектари. Засадувањето дрвја во сушниот северозапад доведе до фактот дека до крајот на минатата година, 25 отсто од територијата на Кина беше под шуми, во споредба со десет отсто во 1949 година, пишува весникот.

И покрај тоа, 26,8 отсто од територијата се смета за пустина, нешто помалку од 27,2 отсто пред десет години, покажуваат податоците на Управата за шумарство.

Слични објави