„Кајмак“ на филмскиот фестивал Фантаспорто во Португалија

од Вести365.МК | С.З.

“Кајмак”, на Милчо Манчевски, ќе има европска фестивалска премиера на 43. издание на Меѓународниот филмски фестивал Фантаспорто во Порто, Португалија. Ова е веќе трет пат Манчевски да биде лауреат на Фантаспорто, откако го освои признанието “Мануел де Оливеира” за најдобар филм во програмата “Недела на режисерите” во 2020 година со филмот “Врба”, како и специјалната награда на жирито за истата програма со филмот “Бикини Мун” во 2017 година и наградата за кариера во 2016 година, кога исто така беше организирана ретроспектива на неговите филмови во Порто.

Филмот “Кајмак” ќе биде емитуван на ФЕСТ во Белград, кој е еден од најважните филмски настани во регионот. Таму се предвидени уште две проекции – една утре и другата во сабота. Манчевски претходно настапи на ФЕСТ со својот филм “Мајки” во 2011 година, кога ја освои специјалната награда на жирито “Небојша Ѓукелиќ”, и со “Врба” во 2020 година, кога филмот беше прикажан во главната конкуренција на фестивалот.

Слични објави