Катарското Министерство за одбрана: Ракетниот напад пресретнат, ќе одговориме пропорционално

од Вести365.МК Ј.Р.

Министерството за одбрана на Катар објави дека противвоздушните сили пресретнале ракетен напад насочен кон воздухопловната база Ал-Удеид.

„Благодарение на Бога, будноста на вооружените сили и превентивните мерки, инцидентот не доведе до губење на животи или повреди“, се вели во соопштението на министерството, како што објави Ал Џезира.

Катарското Министерство за одбрана потврди дека воздушниот простор и територијата на Државата Катар се безбедни и дека катарските вооружени сили се во состојба на готовност, осудувајќи го иранскиот напад кој „претставува јасно кршење на суверенитетот, воздушниот простор и меѓународното право“.

Претходно, сирените за опасност во воздухот се вклучија во Катар, Ирак, Бахреин, а воздушниот простор беше затворен во Обединетите Арапски Емирати.

Слични објави