Британските власти обвинија девет мажи за „екстремна модификација на телото“ откако се појавија снимки во живо како ги отстрануваат и сечат своите гениталии. Тоа го направија за пари платени од гледачите. Полицијата уапси шест лица во Лондон, Шкотска и Јужен Велс. Тие се товарат дека во периодот од јануари 2016 година до јануари 2022 година се здружиле со непознати лица и извршиле тешки физички повреди. Кривичните дела се однесуваат на кастрација, отстранување на тестисите, пенис, вметнување игла во гениталиите…
Во февруари минатата година, полицијата уапси седум лица како дел од истрагата, откако дознаа за пренос во живо на „операции“ што се спроведуваат во стан во паркот Финсбери. Еден од обвинетите кој денеска се појави пред судот во Вестминстер е Густавсон (45), кој, меѓу другото, е обвинет дека „правел непристојни фотографии од дете“ и ги дистрибуирал тие фотографии. Цикур (28) доби кривична пријава за здружување за кривично дело, а Вејтс (65) за здружување за кривично дело. На суд се појавија и Демиен Бирнс, Натаниел Арнолд и Џејкоб Крими-Еплби за прекршоци поврзани со модификација на телото, пишува Дејли Мејл.