Каратистот Видевски негира вина во убиството на Вања и Панче, завршува увидот во доказите

од Вести365.МК | М.Т.

Велешанецот Боре Видевски сега негира вина дека бил инволвиран во грабнувањето и убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски.

Во очекување на обвинението за случајот која ја потресе земјата, Видевски го сменил исказот, од првичниот кога беше приведен заедно со другите осомничени Влатко Кешишов и Велибор Манев и го тврдеше спротивното. Ова за Телма го потврдил неговиот адвокат Бојан Манев по денешната јавна седница во Врховниот каде се жалеа за притворот на Видевски.

„Обвинетиот во исказ пред јавното обвинителство целосно го негираше постоењето на двете кривични дела и на убиството на Панче Жежовски и на убиството на девојчето во Скопје и по направениот увид во јавното обвинителство ќе доставиме соодветни докази кои ќе го потврдат неговото тврдење “, вели Манев.

Видевски во највисокиот суд бараше да му се определи куќен притвор, бидејќи немало основи да биде држен во затворот во Шуто Оризари.

Слични објави