Не можеме да зборуваме за независно судство ако тие се зависни од властите, вели претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски. Во однос на враќањето на довербата во судтството, со оглед на тоа дека последните анкети покажуваат дека повеќе од 50 отсто од испитаниците бараат оставки од Судскиот совет и државниот јавен обвинител, Камбовски вели дека оставките не се реформа.