Швајцарската централна банка ја зголеми референтната каматна стапка за 50 базични поени, со што ја донесе на 1,5 отсто. Оваа промена на каматната стапка е четврти последователен пораст и промената на референтната стапка е во согласност со очекувањата на аналитичарите.
Претходно и Централната банка на САД најави дека ќе ги покачи каматните стапки по потресите предизвикани од колапсот на две американски банки.