Кадиров и се закани на Украина: Одиме кон Киев

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров по заземањето на градот Авдијивка во источна Украина изјави дека Русија со уште поголеми чекори оди кон Киев.

– Авдијивка е уште еден чекор кон победата. Мислам дека ќе продолжиме да одиме напред со големи чекори кон Киев – изјави Кадиров пред новинарите.

Тој тврди дека украински сили „пукале врз цивили во Донбас“ од Авдијивка и оти поради тоа било многу важно да се преземе контролата врз тој град, кок се наоѓа северно од Доњецк.

Не е само Авдијивка. Заземени се и неколку други села. Секој сантиметар земја што го заземаме ни е неопходен затоа што има бандити, терористи, ѓаволи… Тие немаат ништо свето, затоа мора да бидат уништени. Гаѓаат цивили… А врховниот командант не ни дава можност да извршиме специјална операција во полн ек поради фактот што таму има цивили, вели Кадиров.

Слични објави