И ДЕНЕСКА ДОЈАВИ ЗА БОМБИ, како да нема крај

од Вести365.МК Ј.Р.

Четврти ден со ред има дојави за поставени бомби во училишта низ Македонија. Утрово уште на првиот училиштен час, во 8 часот, на службениот мејл на некои училишта во Скопје е примена закана за поставена бомба.

Во тек е евакуација на учениците, наставниците и вработените во гимназијата „Никола Карев, а информации има и за десетина други училишта во главниот град.

Вчера дури од 120 училишта во Скопје имаше пријави до МВР за примени закани, по што е утврдено дека станува збор за лажни дојави, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Закани за бомби имаше и минатата недела, а наставата е постојано во прекин уште од октоври месец, поради што минатата недела Министерството за образование со итен допис до градоначалниците и директорите на училиштата препорача во денови кога наставата се прекинува, учениците да одат дома и да се вклучат онлајн со цел да не се загуби многу од наставната програма.

Слични објави