Во Црна Гора беше покрената петиција за забрана на социјалната мрежа ТикТок, а формуларот за електронски потпис беше објавен и на веб-страницата на Собранието на Црна Гора.
Во текстот на петицијата се посочува дека оваа платформа има исклучително лошо влијание врз децата и младите, бидејќи покажува несоодветна содржина на огромен број луѓе.
„Истата содржина ја креираат нашите најмлади, со надеж дека ќе станат популарни, што е една од погрешните вредности што се истакнуваат на оваа платформа – популарноста. Децата треба да живеат детски животи, да имаат детство, да уживаат во секој ден на нивните животи, а не да бидат „популарни“ и да имаат примери кои не можат ништо да ги научат“, се вели во петицијата.