Иран утрово изврши напад во кој беше погодена канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а неговата судбина во моментов е непозната, соопшти Иранската револуционерна гарда.
– За време на последниот ирански одговор врз Израел, канцеларијата на премиерот на овој криминален режим, како и локацијата на командантот на воздухопловните сили на овој режим, беа цел на ракетите „Хејбар“, се вели во соопштението објавено од иранската државна телевизија и радио.
Иранската Исламска револуционерна гарда објави дека е извршен ракетен напад врз израелскиот владин комплекс во Тел Авив, врз безбедносните и воените центри во Хаифа и врз Источен Ерусалим.
Исто така, Револуционерната гарда тврди дека ја погодила резиденцијата на командантот на израелските воздухопловни сили.
Досега, израелската страна не коментираше за оваа ситуација.